Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратити потврди дека Хуан Куадрадо е „многу близок“ до потпишување на нов договор.
Квадрадо се прероди откако дојде Маурицио Сари, започнувајќи во последните осум натпревари во Серија А како десен бек, и покрај тоа што е крилен играч.
Тој толку многу импресионираше во улогата што Сари му ја доделе како дефанзивец и како награда ќе го обнови договорот со Јуве уште две години.
„Сè уште не е готово, но ние сме многу блиски до обнова на договорот“, изјави Паратиќ за „Скај Италија“, по победата од 1:0 над Милан во неделата.
31-годишниот играч му се придружи на „Бјанконерите“ од Челзи летото 2015 година и запиша 150 настапи за „Старата дама“.