Баерн ја заврши Бундеслигата со убедлив триумф над Волфсбург. Беше 0:4. По натпреварот, на играчите на баварскиот гигант им беше врачен шампионскиот пехар.
За разлика од претходните години, овој пат фудбалерите на Баерн немаа можност да ја прослават титулата со шампањ. Виновник е коронавирусот.
Сепак, на трибините беше различно. Оливер Кан и остатокот од раководството на клубот очигледно пристигнале во Волфсбург на патување.
Во автобусот имало и гајба пиво, кое некако успеале да го донесат на трибините, а како што може да се види на насловната фотографија, успеале и да наздрават.
A tradition unlike any other.@FCBayernUS lift the @Bundesliga_EN title for the 8th straight season! 🏆 pic.twitter.com/cpbUd4NBRy
— FOX Soccer (@FOXSoccer) June 27, 2020
Ова беше 30-та титула на Баерн во историјата на клубот, но тие не смеат да се опуштат затоа што ќе се соочат со финалето на Купот на ДФБ и завршницата на Лигата на шампионите во август.