Синоќа во второто коло од Лигата на шампионите, Бенфика беше убедлива на домашен терен против Барселона, која ја совлада со 3-0.
За португалскиот тим двапати постигнаа Нунез во 3-та и 69-та минута, а Рафа Силва се запиша во листата на стрелците во 79-та минута за конечни и убедливи 3-0.
По две одиграни кола, Барселона е на дното на табелата со исто толку порази и страшна гол разлика од 0:6.
Очигледно, каталонскиот гигант повеќе не е тоа што беше, најмногу поради заминувањето на Лионел Меси од клубот ова лето. Неговото отсуство многу се чувствува во играта на тимот на Роналд Куман, а честа да го наследи неговиот десет му припадна на младиот Ансу Фати.
Младиот Шпанец постигна гол за камбек по повредата против Леванте викендов, но синоќа беше потполно невидлив, исто како и остатокот од неговиот тим.
Доживеа дополнително понижување кон крајот на натпреварот кога Николас Отаменди му рече за време на вербалниот дуел „Ти си тој лажниот Лионел Меси“.
Понижувањата за Барса и каталонските играчи изгледа немаат крај …
Nicolas Otamendi looking at Ansu Fati wearing the number 10 shirt and asking him if he's Leo. https://t.co/Tl9dzLwFV6
— Roy Nemer (@RoyNemer) September 30, 2021