Дури и пандемија на коронавирус не може да ги обедини Италијанците во некои работи. Ова особено важи за ривалството меѓу индивидуалните навивачки групи.
Пред неколку дена, навивачкиот клуб на Аталанта постави транспарент на пријателство и надеж помеѓу Бреша и Бергамо на мостот, но сепак не остана долго на тоа место.
„Мора да ве известиме дека хулиганите го уништија транспарентот во текот на ноќта. Изминативе денови имавме притисок за да го отстраниме транспарентот. Жално е што во овој момент во земјава на некој му е дозволено да прави некои работи“, рече членот на навивачите на Аталанта, Џан Паоло Белини.
На транспарентот пишуваше: „Поделени на трибините, обединети во болка“. Сепак, очигледно е дека омразата кон навивачите понекогаш не знае ниту за граници ниту за разум.
Патем, Бергамо и Бреша се меѓу најранливите градови во Италија со коронавирусот, каде што умираат десетици луѓе секој ден.