Во последно време се почесто играчите чекаат да им истечат договорите за да потпишат за некои други клубови.
Тоа веќе го направи Андре Онана, кој на крајот од сезоната ќе го напушти Ајакс како слободен играч, додека во следната натпреварувачка година ќе настапува за Интер.
26-годишникот кој поради допинг не брани повеќе од една година, во последно време е блам за голот на Ајакс и како што вели не му е грижа што мислат навивачите.
Онана направи голема грешка на дуелот против Спарта од Ротердам и им поклони гол на гостите. За среќа, во остатокот од натпреварот неговите соиграчи успеаја да направат пресврт.
Камерунскиот чувар на мрежата пред неколку недели прелета во празнина, па неговиот тим беше елиминиран од Лигата на шампионите откако Нуњез постигна гол за Бенфика.
Навивачите на Ајакс на натпреварот против Спарта го исвиркаа и навредуваа, а по мечот добија одговор без влакна на јазикот.
“Ова беше тешка година за мене, сега се вратив и среќен сум поради тоа. Знам дека не сум во најдобрата форма што ја сметам за нормална, бидејќи долго време бев надвор од теренот”. Онана рече и продолжи:
“Навивачите можат да пеат или да плачат, ме боли ку*от поради тоа. Немам никакви проблеми, можам да кажам што сакам. Што се однесува до мене, ги слушам само критиките на тренерот”.
Aub #Onana meld je de komende weken ziek! Dit beeld zegt genoeg! #Ajax #AjaSpa pic.twitter.com/nrCSEpvFU5
— Dave Huntjens (@DaveHuntjens1) April 9, 2022
На крајот од мечот, говорот на телото на Онана за време на поздравот со навивачите можеби најдобро покажува колку тој моментално се грижи за Ајакс.
Онана во јануари беше на лекарски прегледи и потпиша преддоговор со Интер, а голот на Нероаѕурите ќе го задржи од следната сезона.