Деле Али го напушти Тотенхем и наскоро ќе стане нов играч на Евертон.
Оваа сезона, 25-годишниот играч од средниот ред не е во прв план со менаџерот на Спарс, Антонио Конте. Тој играше 18 пати и има само два старта во Премиер лигата од септември и тоа секако не го задоволува.
Затоа реши да си замине во овој преоден рок. Тој се здружи со неколку тимови и на крајот се реши со Френк Лампард во Евертон.
Деле Али во наредните часови ќе ги мине лекарските прегледи во Евертон и кариерата ќе ја продолжи во овој клуб.
Тимот од Гудисон за неколку часа доби две големи засилувања, а пред Али потпиша и Дони ван де Бик од Манчестер Јунајтед.
https://youtu.be/XnctAmhXHZY
Со години, Али беше незаменлив член на првата постава на Спарс. Тој одигра 269 натпревари и постигна 67 голови.