Бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино (30) е пред заминување од Ливерпул и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во торински Јувентус.
Според италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, „бјанконерите“ испратиле понуда вредна 19 милиони фунти за 30-годишниот напаѓач и се многу блиску до комплетирање на трансферот.
Ливерпул е подготвен да го пушти Фирмино да си оди. Се очекува наскоро се да биде официјализирано и искусниот Бразилец по секаква сметка да го облече дресот на Старата дама од Торино.
View this post on Instagram
Гигантот од Торино летово во слободните трансфери ги доведе Пол Погба и Анџело Ди Марија, а дефанзивецот го засили Бразилецот Глеисон Бремер кој пристигна од редовите на градскиот ривал.
View this post on Instagram
Бразилскиот фудбалер освои апсолутно се што можеше во претходните седум години со „црвените“. Тој одигра вкупно 327 натпревари и постигна 98 голови.
Роберто Фирмино пред Ливерпул го носеше дресот на германски Хофенхајм, а во родниот Бразил дресот на Фигуеиренсе.
Бразилецот Фирмино одигра 55 натпревари за националниот тим и постигна 17 голови.