Јувентус ја започна новата година со висока победа над Удинезе, 4:1 за старата дама на Торино.
Претходниот дел од сезоната покажа дека средниот ред е најслабиот дел од торинскиот тим, а ново засилување може да пристигне од Удинезе.
Имено, по мечот во тунелот на стадионот „Алијанц“, камерите ги снимија поздравите на Фабио Паратичи и Родриго Де Пол.
Де Пол бил во друштво на неговиот сонародник Паоло Дибала кога им се приближил Паратичи и фрлил нешто. Многумина го толкуваа ова како можен договор за трансфер.
https://twitter.com/Majdyx/status/1345881560541761536
Покрај играч за врска, Јувентус бара и напаѓач. Како главни кандидати се споменуваат Оливие Жиру и Грацијано Пеле.