ФУДБАЛ

Договорено одигрување на „Светскиот Суперкуп“

Договорен е меѓународен натпревар што досега не бил виден во модерниот фудбал.

УЕФА и КОНМЕБОЛ денеска потврдија дека официјалниот натпревар помеѓу европскиот и јужноамериканскиот шампион ќе се одржи во јуни, што на некој начин претставува еден вид светски суперкуп за националните тимови.

Натпреварот помеѓу Италија и Аргентина, кои станаа шампиони на нивните континенти пред неколку месеци, ќе се одигра во јуни 2022 година.

Треба да се потврди локацијата и стадионот, но веќе се навестува дека тоа ќе биде вистински спектакл, а некои би рекле и неофицијален натпревар за светскиот шампион, со оглед на тоа дека најдобриот фудбал се игра во Јужна Америка и Европа.

Организацијата на овој натпревар е дел од соработката помеѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, која вклучува и женски фудбал, футсал, младински категории, судиски размени и друго.

Засега се договорени три натпревари меѓу континенталните шампиони откако ќе завршат ЕП и Копа Америка.