ФУДБАЛ

Договорил трансфер во Челзи, а потоа добил порака од Чави: Шпанците откриле што му напишал

Шпанските медиуми синоќа објавија дека Жил Кунде е пред потпис за Барселона.

 

Овој дефанзивец пред неколку дена беше на прагот да замине во Челзи бидејќи Севиља ја прифати понудата на лондонскиот клуб, но Кунде го прекина сето тоа кога се јави Барселона.

 

Кунде е голема желба на Чави Ернандез и јасно е дека ќе биде големо засилување во одбраната на каталонскиот клуб.

Дефанзивецот на Севиља наводно веќе се договорил за се со Барселона, а вчера, како што соопшти Жерар Ромеро, клубовите најдоа заеднички јазик околу висината на обештетувањето.

Ромеро синоќа објави дека клучен фактор во преговорите бил Чави, кој директно го контактирал Кунде и му објаснил дека сака да го има во својот тим следната сезона.

 

Дури и угледен шпански новинар ја откри наводната порака која Чави му ја испратил на дефанзивецот на Севиља, по што тој одбил да замине во Челзи и решил да ја прифати понудата на Барселона.

 

„Ќе те направам најдобар стопер на светот во играта со топката во твоите нозе. Со тебе во тимот Барселона повторно ќе стане најдобар клуб во светот“, наводно му напишал Чави на Кунде.

Веќе денеска треба да биде официјализирано доаѓањето на Кунде во Барселона, по што ќе се приклучи на подготовките на каталонскиот клуб.