Ван де Бик наскоро ќе биде играч на Реал Мадрид.
Според „Де Телеграф“, играчот од средниот ред на Ајакс постигнал договор со „Лос Бланкос“ и ќе се пресели во „Бернабеу“ во јуни.
Двата клуба постигнаа договор и играчот ќе се пресели за 55 милиони евра во Реал. По преселбата на Де Јонг во Барселона минатото лето, уште еден талент на Ајакс е подготвен да лета за Шпанија.
22-годишната sвезда има постигнато осум гола и осум асистенции на 26 настапи во сите натпреварувања оваа сезона со Ајакс.