ФУДБАЛ

Договорот им истекува, ПСЖ би можел да загуби две ѕвезди на крајот на сезоната!

ПСЖ би можел да загуби двајца од најважните играчи во последните години. Тијаго Силва и Единсон Кавани се во последната година од договорот и француските лидери допрва треба да понудат обнова.

Според медиумите во Франција, за Тијаго Силван се чини дека сè е готово и на крајот на сезоната ќе заврши неговата авантура во ПСЖ. Главната причина е возраста на Бразилецот, кој веќе има 35 години.

Од друга страна, Кавани може да го продолжи договорот за уште една година. Според извештаите на медиумите, Леонардо подготвил 1-годишен договор за Уругваецот, кој допрва ќе одлучи дали ќе продолжи да соработува со францускиот шампион.