Манчестер Јунајтед од следната сезона ќе има нов менаџер, а се чини дека тоа ќе биде холандскиот стручњак Ерик тен Хаг.
Според информациите кои пристигнуваат денеска од Англија, „црвените ѓаволи“ од Олд Трафорд го финализираат договорот со 52-годишниот стручњак кој по се изгледа ќе стане нов менаџер на гигантите од Олд Трафорд.
Договорот се уште не е целосно завршен. И покрај тоа, преговорите добро напредуваат, а Тен Хаг разговара за соработниците, буџетот и други важни работи за клубот во наредниот период.
Исто така, Ралф Рангник како иден советник во клубот даде зелено светло за доаѓањето на холандскиот стручњак во Театарот на соништата и очигледно е дека овој тренер ќе го води Јунајтед во следната сезона.
Ајакс ќе инкасира два милиони евра обештетување во случај Тен Хаг да го напушти клубот на крајот на сезоната, а искусниот тренер неодамна го пофали Јунајтед.
„Манчестер Јунајтед е голем клуб со одлични навивачи, но можам само да се повторам. Фокусиран сум само на Ајакс. Веќе имаме планови за новата сезона, но ако во одреден момент решам да направам нов чекор во кариерата, се надевам дека луѓето ќе разберат“, рече Тен Хаг, но сепак даде некои индиции дека може да оди во Театарот на соништата.
“Не сакам да отфрлам ништо. Во фудбалот има постојани промени. Нормално е да се преговара со други клубови бидејќи сите се познаваме во оваа работа”, изјави Тен Хаг.
Одличниот тренер во својата кариера ги водеше Гоу Ахед Иглс, вториот тим на Баерн Минхен и Утрехт. Во Ајакс е од 2017 година.