ФУДБАЛ

Дојде да се збогува како маж: Салихамиџиќ и Левандовски очи во очи

Роберт Левандовски го одржа ветувањето и се врати во Минхен за соодветно да се збогува со своите поранешни соиграчи и вработени во клубот.

 

 

Полјакот го напушти Баерн пред неколку дена по осум години минати во клубот и замина во Барселона. Тој по заминувањето вети дека ќе се врати соодветно да се прости од поранешните колеги.

 

Тоа го направи Левандовски. Полјакот веднаш по враќањето на Барселона од САД замина во Минхен да го исполни ветувањето.

Одличниот напаѓач на вистински начин ќе се прости од поранешните соиграчи и вработени, но ќе разговара и со челниците на Баерн.

 

Ќе биде интересно да се види средбата помеѓу Левандовски и Хасан Салихамиџиќ. Многу тешки зборови паднаа меѓу нив во изминатите неколку дена и сега ќе имаат шанса да си кажат се очи во очи.

Искусниот фудбалер сакаше да расчисти одредени работи и тоа ќе има можност да го направи во следните два дена кога фудбалерите на Барселона се одморија по враќањето од Соединетите Американски Држави.