Герет Бејл ќе го напушти Реал Мадрид по крајот на сезоната.
Помалку или повеќе се знае за тоа, но сега пристигна и официјалната потврда.
Неговиот агент Џонатан Барнет го потврди ова велејќи дека Велшанецот заслужува големо збогување од клубот.
Се зборуваше и дека Бејл на лето ќе ја заврши кариерата, но ова е под големо прашање.
„Не сме одлучиле за иднината“, додаде Барнет.
Тој рече дека паразитите се тие што зборуваат лошо за него, а Велшанецот ги сака Мадрид и Реал.
Иако се зборуваше дека би можел да ја заврши клупската кариера на крајот на сезоната, тој ќе го задржи статусот на професионален фудбалер, но според Велс онлајн тој би можел да игра за Кардиф Сити кој настапува во Чемпионшип.
Бејл е роден во Кардиф, но го напуштил во 2006 година и го продолжил својот фудбалски развој во Саутемптон, Англија. Потоа се пресели во Тотенхем, а потоа во Реал Мадрид.
Бејл има понуди од клубови од Серија А и од Премиер лигата, но се тврди дека неговата лична сатисфакција ќе биде најважна при изборот на нов предизвик. Така Бејл многу лесно би можел да потпише за клуб од неговиот роден град.