Во ПСЖ се незадоволни од ситуацијата околу Серхио Рамос, кој поради здравствени проблеми се уште не играл за својот нов клуб.
Рамос летово пристигна во Париз како големо засилување од Реал Мадрид, но навивачите на францускиот клуб се уште немаа шанса да го гледаат во дресот на ПСЖ.
Францускиот дневен весник Le Parisien, како и медиумите во таа земја денеска објавија дека ПСЖ размислува да ја прекине соработката со Рамос поради неговата лоша физичка состојба.
Наводно во договорот има клаузула според која ПСЖ може да ја раскине соработката со Рамос доколку има здравствени проблеми. Сепак, набрзо шпанските медиуми, пред се Мундо Депортиво, ги демантираат ваквите наводи.
Избор близок до долгогодишниот капитен на Реал Мадрид тврди дека таква клаузула нема и дека ПСЖ не може да го раскине договорот. Доколку го стори тоа, би морал да плати висока отштета, односно остатокот од парите кои му припаѓаат на Рамос според актуелниот договор.
Рамос е само една во низата големи ѕвезди кои дојдоа во Париз минатото лето, но тој е единствениот кој се уште не се пријавил за официјален настап и прашање е кога тоа ќе се случи.