ФУДБАЛ

Дојде по Кристијано: Мендеш на маса со челниците на Јувентус

Агентот на Кристијано Роналдо, Хорхе Мендеш денеска ќе разговара со челниците на Јувентус.

Со денови се шпекулира дека португалската sвезда сака да го напушти Јувентус на крајот од преодниот рок и нема да биде изненадување доколку тоа навистина се случи.

Неговиот агент Мендеш пристигна синоќа во Торино, а денеска ќе се сретне со управата на Јувентус и ќе разговара за опциите за Кристијано.

Како потенцијална дестинација за Роналдо се споменува Манчестер Сити, но досега во Торино не пристигнала официјална понуда.

Сепак, Сити наводно му понудил на Роналдо двегодишен договор вреден 15 милиони евра по сезона, а Јувентус бара 30 милиони евра како компензација.