Доколку го потпише договорот со Интер, Модриќ кариерата ќе ја заврши на 39 години

Written by

in

Лука Модриќ би можел да заврши во Интер до крајот на преодниот рок, тоа веќе е јасно, но прашање е дали ќе има договор помеѓу Флорентино Перез и „Нероазурите“.

Како што многумина добро знаат, Интер му понуди на Лука договор од шест години со годишна плата од 10 милиони евра по сезона, а со тоа ќе стане и нај платениот играч во Серија А, веднаш зад Роналдо.

Сепак, во овој договор стои дека Лука првите четири години од договорот треба да ги помине во Интер, а потоа да се „пресели“ во кина каде мора да ги одработи останатите две сезони на крајот од кариерата за клубот Јаингсу Сунинг кој исто така е во сопствеништво на истата компанија.

Лука сега има 32 години, а набрзо ќе наполни 33. Доколку го потпише овој договор тоа значи дека кариерата ќе ја заврши на 39. годишна возраст, се разбира доколку се одлучи да ја заврши.