Алваро Мората беше на мета на Барселона на почетокот на јануари, но тогаш Јувентус одби да го пушти шпанскиот напаѓач.
29-годишниот напаѓач е во Јувентус како позајмен од Атлетико Мадрид, но Барселона и понуди на Старата дама да се договори бидејќи покажаа голем интерес за доведување на Мората.
Наводно, шпанскиот напаѓач бил многу „загреан“ за да ја продолжи кариерата во Барселона, но на крајот Јувентус ја одбил можноста да го пушти.
Но, се чини дека сега работите се значително променети и веќе не е толку невозможно Мората да го напушти Јувентус до крајот на јануарскиот преоден рок.
Јуве е многу блиску до доведување на Душан Влаховиќ од Фиорентина за 67 милиони евра, а со доаѓањето на српскиот напаѓач јасно е дека Мората ќе биде вишок во нападот на клубот од Торино.
Поради тоа, повторно се појавија шпекулации дека Мората би можел да го напушти Јуве, а Барселона наводно трпеливо чека шанса да се отвори за да го доведе поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
Мундо Депортиво објави дека Чави би сакал да го има Мората во тимот, а тој сега стана главна цел на Барселона.
Агентот на Морат, Лопез веќе е во Торино каде преговара со челниците на Јувентус, а шпанскиот напаѓач нема многу избор доколку сака да замине бидејќи единствен конкретен интерес за него покажа Барселона.