Бразилецот Нејмар беше една од главните теми во летниот преоден рок. Медиумите го селеа во Барселона, но и во Реал Мадрид. Сепак, на крајот остана во ПСЖ, барем засега.
Според шпанските медиуми таа тема не е завршена и дека се уште постои можност Бразилецот да замине.

Доколку се случи тоа, тогаш ПСЖ има „мета“. Тоа е Садио Мане од Ливерпул. Сепак, тој не е на продажба. Англискиот тим не сака да се откаже од него, а во последно време Ливерпул игра добро, на пат е да ја освои титулата во Премиер лигата, во Лигата на шампионите е бранител на трофејот, па така Мане во англискиот тим има се што може еден фудбалер да посака.