ФУДБАЛ

Докторите едно, Бензема друго

Реал Мадрид вечерва гостува во Париз против ПСЖ во првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Овој дуел привлекува големо внимание ширум светот, а навивачите на Реал се исклучително радосни бидејќи првата ѕвезда Карим Бензема повторно е во тимот по кратка пауза поради повреда.

Францускиот напаѓач пропушти неколку натпревари на својот тим. И вечерва не е целосно подготвен, но сепак ќе настапи од првата минута.

Новинарот Жерар Ромеро тврди дека лекарите го советувале Бензема да не ризикува премногу и да дејствува само во случај на итност.

Сепак, Французинот не сакаше да слуша. Тој, наводно, вечерва ќе биде стартер во тимот на Реал Мадрид и ова уште еднаш ја покажува сета негова љубов кон клубот.

Бензема е навистина спектакуларен и оваа сезона. Тој одигра 28 натпревари и има учинок од 24 гола и девет асистенции.