Бразилскиот фудбалер Марсело (33) е суспендиран на три натпревари поради црвен картон на дуелот против Елче од Купот на кралот.
Левиот бек на Реал Мадрид доби директен црвен картон во продолжението на овој меч, а денеска ја дозна и казната.
Марсело беше суспендиран на три натпревари, а 33-годишниот Бразилец заработи дополнителен меч суспензија поради долгиот јазик.
Тој на судијата Хорхе Васкез по исфрлањето му рекол дека е „многу лош“, а овој го забележал тоа во извештајот.
Дисциплинската комисија на крајот немаше милост. Марсело беше суспендиран на три натпревари.
Искусниот фудбалер не игра премногу оваа сезона. Тој играше само девет пати и најверојатно по 15 години ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.