Легендарниот аргентински напаѓач Ернан Креспо призна дека бил разочаран од играта на Аргентина во првиот натпревар од Копа Америка.
Гаучосите беа поразени од Колумбија со 2:0 и одиграа многу лоша игра, која за нив стана стандардна во претходните година дена. Како и секогаш, повеќето се очекуваше од Лионел Меси, но тој сам не успеа да направи ништо.
Меси беше расположен за игра и имаше неколку добри потези, но помошта од неговите соиграчи ја немаше овој пат. Серхио Агуеро заигра на врвот на нападот, но и тој не направи ништо.
По натпреварот се огласи и легендарниот Креспо, кој ги критикуваше Меси и Агуеро за натпреварот против Колумбија,
„Аргентина не може да најде баланс во играта затоа што има двајца играчи кои воопшто не помагаат дефанзивно, а тоа се Меси и Агуеро. Во нападот на противникот му задаваат големи проблеми, но кога треба да се вратат во одбрана тогаш само шетаат по теренот“
„Тие се нашите најважни играчи, но мора да помагаат и на одбраната за да има баланс во играта. Не покриваат доволно добро во дефанзива и поради тоа противникот доаѓа блиску до голот без никаков труд. Ако сакаме да изгледаме сериозно, мора да го поправиме тоа“, -истакна Креспо.
Аргентинците до првите поени во Копа Америка ќе се обидат да дојдат во натпреварот против Парагвај, која е закажана за четврток во раните утрински часови.