ФУДБАЛ

Долго време Роналдо не беше навреден од некој како од голман на Астон Вила

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез минатиот викенд се најде во центарот на вниманието поради провокациите упатени кон Кристијано Роналдо.

Мартинез застана на голот на Астон Вила на натпреварот против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, во кој домашниот тим доби шанса да постигне гол од пенал во продолжението.

Бруно Фернандеш ја зеде топката пред Кристијано Роналдо и ја шутира далеку над голот.

Мартинез го предизвика Кристијано непосредно пред изведувањето пенали и побара да го изведе овој удар од белата точка.

Мартинез не застана тука, туку одлучи да ја „нападне“ sвездата на „Црвените ѓаволи“ во медиумите.

На новинарско прашање која е разликата помеѓу него и Роналдо, Мартинез рече:

„Не гледам никаква разлика помеѓу нас двајцата. Имаме сличен стил на игра. И двајцата стоиме во казнениот простор и ја чекаме топката“, рече Мартинез, алудирајќи на Роналдо дека не прави ништо на теренот освен што стои и чека топка да постигне гол.

Роналдо дефинитивно ќе ги прочита овие зборови и нема сомнение дека Португалецот ќе биде доста мотивиран на следниот натпревар со Мартинез.