ФУДБАЛ

Долгогодишниот претседател го напушти Арсенал

По 15 години во клубот, Арсенал остана без некогашниот претседател, подоцна член на Управниот одбор, Чипс Кешвик.

Кешвик работел како претседател на клубот веќе седум години, а вкупно 15 како член на одборот, а сега решил да замине во пензија.

„Клубот останува во безбедни раце. Знам дека Арсенал силно ќе излезе од целата ситуација“, рече Кешвик за британските медиуми, додавајќи.

„Ми беше чест да бидам претседател на овој фудбалски клуб. Арсенал отсекогаш имал посебно место во мојот живот и ќе остане така во иднина“.

Арсенал му се заблагодари за сè што направи за клубот, пред сè за неговото големо деловно знаење и искуство, кое ги комбинираше со неговата љубов кон клубот во успешен резултат во својата работа.

„Тој секогаш ќе биде добредојден на нашиот стадион кога ќе се вратиме на натпреварите“.