Домаќинот падна на колена, Еквадор со победа го отвата светското првенство во Катар

Written by

in

Конечно започна Светското првенство во фудбал, кое со нетрпение го очекувавме.

Катар како домаќин го отвори натпреваувањето и го одигра првиот натпревар против репрезентацијата на Еквадор.

Можевме да проследиме еден кој започна со контроверзна одлулука за офсајд, натпревар богат со голови и победа на Еквадор од 2:0.

Како што кажавме, уште на почетокот следуваше една контроверзна одлука кога беше поништен првиот гол на Еквадор на самиот почеток на натпреварот. Валенсија ја затресе мрежата на Катар, но од ВАР собата го поништија погодокот порди офсајд.

Но, после само неколку минути, Валенсија повторно ја затресе мрежата за водство на Еквадор од 1:0.

Еквадор, поточно Валенсија ја заврши целата работа во првото полувреме. Истиот играч во 31. минута од натпреварот повторно ја затресе мрежата на Катар и му донесе предноста на својата репрезентација од 2:0.

https://twitter.com/AmorFtbol4/status/1594370410040139782

Со резултат од 0:2 двете репрезентации заминаа на пауза.

Второто полувреме носи посмирен фудбал, Еквадор ја чекаше својата шанса од контра, додека домаќинот немаше решение како да се приближи кон противничкиот гол. Резултатот остана напреоменет и Еквадор забележа победа од 0:2 на првиот натпревар на Светското првњенсртво во Катар