Фудбалерите на Ливерпул продолжуваат да победуваат, а во 35. коло од Премиер лигата беа подобри од Њукасл на гостински терен со 1:0.
Победата е минимална, но сосема заслужена и „црвените“ се вратија на врвот на табелата со 82 бода. Манчестер Сити останува на 80 бодови, но денеска на „Еланд Роуд“ против Лидс има уште една шанса да седне на првите четири кола пред крајот.
Се на се, до самиот крај ќе има вистинска битка меѓу Ливерпул и Сити, како во Лигата на шампионите, така и во ПЛ. Не е исклучено овие две „машини“ да ги гледаме во финалето на Лигата на шампионите, но во Англија со години се како најголеми конкуренти во борбата за самиот врв.
Што се однесува до гостувањето кај Њукасл, на Ливерпул му беше доволен убавиот гол на Наби Кеита во 19. минута, по одличната акција и проигрувањето на Диого Јота.
Ливерпул имаше многу повеќе шанси од домаќините, се на се заслужена победа на гостите кои се на пет последователни триумфи меѓу кои и Лигата на шампионите. Инаку, да додадеме дека денеска избраниците на Клоп имаа дури 23 удари и 10 во рамките на домашниот гол, па чудо е што беше постигнат само еден гол, но на крајот беше доволен.
„Црвените“ се непоразени многу долго, од декември минатата година кога загубија од Лестер на „Кинг Пауер“ со 1-0.
Њукасл исто така е во форма, има четири врзани победи, но Ливерпул беше голем залак. Тимот на Еди Хау сега е деветти со 43 поени, а пред само два месеци беше во опасната зона.