ФУДБАЛ

Донарума и официјално е нов голман на Манчестер Сити!

Италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума стана нов фудбалер на Манчестер Сити.

Дваесет и шестгодишниот чувар на мрежата премина на „Етихад“ од ПСЖ, со кој минатата сезона ја освои Лигата на шампионите.

Донарума потпиша петгодишен договор, а Сити му плати на ПСЖ 30 милиони евра.

„Ова е навистина посебен момент за мене. Доаѓам во тим полн со талентирани играчи, воден од еден од најдобрите тренери во историјата. Сити е клуб во кој секој играч би сакал да дојде. Возбуден сум за тоа што следува и ќе се обидам да му помогнам на клубот да оствари успеси“, изјави Донарума.