ФУДБАЛ

Донарума сака 12 милиони евра по сезона, има клуб кој е подготвен да му плати

Милан има желба да го продолжи договорот со Џанлуиџи Донарума, но одличниот голман бара подобра понуда.

Донарума има договор со Милан до крајот на сезоната, тој заработува шест милиони евра на Сан Сиро.

Росонерите се подготвени да ја зголемат неговата плата на осум милиони евра во новиот договор, но ниту тоа не го задоволува менаџерот Мина Раиола, која е подготвена да го земе талентираниот голман од Милан.

Во целата драма е вклучен Јувентус, кој планира да му понуди поголема плата од Росонерите, а во игра е и ПСЖ, кој има најдобри финансиски можности и кој е подготвен да ги задоволи сите желби на Раиола и италијанскиот репрезентативец.

Парижаните се подготвени да му дадат на Донарума 12 милиони евра по сезона, што е незамисливо за администрацијата на Милан. Останува да видиме што на крајот ќе одлучат Раиола и неговиот клиент.