По неколку грешки и бледи натпревари, Милан конечно запиша сигурна победа на гостување кај Сасуоло.
Росонерите славеа со високи 4:1, а младиот голман Џанлуиџи Донарунума вели дека овој триумф може да им даде крилја на неговиот тим.
“Таква победа над Сасуоло и тоа на гостување е одлична за самодоверба. Зад нас е период кој не беше толку добар, но очекуваме работите да одат подобро”, рече Донарунума, додавајќи:
“Можеби оваа победа е пресвртница, но не треба брзо да се носат заклучоци. Постојат многу натпревари пред нас, но во четврток играме во Лигата на Европа и наша задача е да одиме од средба на средба. Вредно работиме и тоа мора да се исплати.”
Милан ќе игра на домашен терен на натпреварот против Олимпијакос во четврток, а три дена подоцна ќе биде домаќин и ќе ги пречека Киево на Сан Сиро. Потоа, има репрезентативна пауза, па големото градски дерби со Интер на 21 октомври.