Словенецот Лука Дончиќ не престанува со фантастичните партии кои му носат место меѓу најдобрите кошаркари во НБА лигата. Тој на последниот меч, во поразот на Далас од Милвоки со 116:106, стана вториот најмлад кошаркар со трипл – дабл во најсилната лига на светот. Тој на вечната листа го мина Леброн Џејмс како и младата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Лонѕо Бол, а пред него е само Маркел Фулц.
Дончиќ средбата ја заврши со 18 поени, 11 скока и 10 асистенции и задоцни само десет дена за да избие на чело на листата во оваа категорија. Словенечкото „чудо од дете“ тоа го оствари на 19 година и 327 дена, додека Фулц до ваков учинок стигна на 19 години и 317 дена.