Кошаркарите на Далас Маверикс целосно се подготвуваат за новата сезона во НБА.
Новата сезона на најсилната кошаркарска лига во светот започнува на 22 декември и сигурно е дека не чека многу возбудувања.
Екипата на Далас минатата сезона покажа дека има многу добар тим и дека оваа сезона ќе се бори да оди до самиот крај. Подготовките течат според планот, а се чини дека балканците Лука Дончиќ и Боби Марјановиќ се задолжени за атмосферата.
Имено, Дончиќ објави уште едно видео на социјалните мрежи кое ги насмеа фановите до солзи.
Тој го снимаше Марјановиќ додека играше тенис, но јасно е дека српскиот кошаркар не е најдобар во овој спорт.
Luka showing off Boban’s tennis skills. 😅😅 (via lukadoncic/IG) https://t.co/exd2ErItgD
— House of Highlights (@HoHighlights) December 7, 2020