Втора година по ред НБА ќе патува во Абу Даби (Обединети Арапски Емирати) на два претсезонски натпревари. Годинава Минесота и Далас ќе се сретнат во ОАЕ на 5 и 7 октомври.
Како Милвоки и Атланта минатата година, Минесота и Далас ќе патуваат како дел од претсезонските натпревари.
НБА и официјално соопшти дека овие две селекции ќе ја продолжат соработката со челниците на ОАЕ, кои исто така се заинтересирани во иднина да се играат уште натпревари во нивните градови.
