Легендарниот аргентински напаѓач Клаудио Каниџа вели дека Диего Марадона бил силно погоден поради тоа што паднал на допинг тест за време на Светското првенство во 1994 година.
„Тоа го уништи. Успеав да стигнам до неговата соба и да го гушнам. Збортувавме малку, само неколку зборови. Диего плачеше, плачев и јас. Се чувствуваше предаден. Физички тој беше на својот врв, тренирајќи во Бостон два пати на ден. Го зема тој производ мислејќи дека се витамини. Да бидам сосема јасен, не му требаше дрога за да игра подобро“, изјави Каниџа за „Кориере дела сера“.
Во петокот се навршија две години од смртта на Марадона.
„За неговата смрт дознав читајќи портали. Отпрвин мислев дека тоа е една од вообичаените гласини, оние кои редовно се демантираат. Дека е болен, дека е во кома, дека е мртов, дека е уште жив… Тогаш сфатив дека информацијата е точна“, вели Каниџа додава:
„Разговаравме два месеци пред неговата смрт. Не сакам да звучам арогантно, но мислам дека бев најблиску до него од сите негови соиграчи“.