По лекарските прегледи е констатирано дека Крис Пол ја истегнал задната ложа и се очекува да паузира две недели.
Повредата на Пол е голем удар за Хјустон, кој сезонава игра катастрофално, па во моментов се наоѓа на деветтата позиција во Западната конференција со 16 победи и 15 порази.
