Германскиот клуб му даде рок на Манчестер Јунајтед до 10 август да ја купи англиската ѕвезда
Борусија Дортмунд ја постави конечната цена за Џејдон Санчо.
Германскиот клуб бара не помалку од 120 милиони евра за англиската ѕвезда.
И, црно-белиот клуб му даде рок на Манчестер Јунајтед за англискиот репрезентативец.
„Црвените ѓаволи“ ќе имаат рок до 10 август за оваа сума да го купат поранешниот играч на Манчестер Сити.
Веста ја објави германскиот медиум „Билд“.
Санчо има двегодишен договор со Дортмунд, но се шпекулира дека тој летово може да се врати во Премиер лигата.
Него го сакаат и други англиски клубови како Ливерпул, Челзи и Тотенхем.