ФУДБАЛ

Дортмунд би можел да му ги уништи плановите на Јирген Клоп

Продажбата на Ерлинг Халанд ќе ја наполни касата на Борусија, но и ќе им овозможи на Милионерите убав шопинг ова лето.

Медиумите во Австрија и Германија шпекулираат дека Дортмунд би можел да му ги уништи плановите на Јирген Клоп.

Имено, Борусија го сака младиот хрватски фудбалер Лука Сучиќ за кого е заинтересиран и Клоп да го однесе на „Енфилд“.

Споменатиот фудбалер е еден од најталентираните играчи во светот, а со 19 години веќе има вредност од 13,5 милиони евра, дебитираше и за сениорската репрезентација на Хрватска.

Сучиќ може да покрие повеќе позиции во средината на теренот, што секако би одговарало на филозофијата на Јирген Клоп, но сега во целата приказна се вмеша и Дортмунд.

Покрај Сучиќ, Борусијан има уште некои имиња на радарот, па ќе биде интересно да се следи што ќе се случува во Дортмунд во деновите што следат.