Борусија Дортмунд прва се огласи за немилите настани во Украина.
Како што е веќе познато, Русија во раните утрински часови ја започна инвазијата на Украина и изврши напади врз речиси сите поголеми градови во оваа земја.
Многумина очекуваа дека тензиите меѓу овие две земји ќе се смират и дека нема да има војна, но Владимир Путин и нареди на својата војска да ја нападне Украина.
Народот на Украина е во голема паника, а повеќето од нив се обидуваат да ја напуштат земјата бидејќи се плашат за безбедноста.
Голема поддршка доаѓа од светот за Украинците, а првиот клуб кој се огласи беше Дортмунд кој го осуди сето она што Русите го направија утрово.
„Шокирани сме и тажни што војната избувна на европско тло. БВБ силно го осудува ова очигледно кршење на меѓународното право од страна на Русија. Нашите мисли се со народот на Украина“, соопшти германскиот клуб.