ФУДБАЛ

Дортмунд ја спушти цената на ѕвездата, Санчо се поблиску до Јунајтед

Манчестер Јунајтед минатото лето се обидуваше да го доведе Санчо, но на крајот се откажаа поради обесштетување од 120 милиони евра.

Ова лето Јунајтед е сè поблиску конечно да го доведе Санчо во своите редови.

Медиумите од островот јавуваат дека Санчо и Јунајтед ги договориле сите детали, но сè уште се чека понуда до германскиот клуб.

Поради финансискта криза Борусија Дортмунд е подготвена да му дозволи на англискиот репрезентативец да го напушти клубот за сума од 90 милиони евра, сепак Јунајтед ќе се обиди дополнително да ја спушти цената.