Раководството на Борусија Дортмунд е заинтересирано за младиот 19-годишен хрватски напаѓач Фрања Ивановиќ, пренесува „Индекс“ Тој одигра шест натпревари за хрватската репрезентација до 19 години и постигна три гола.
Германскиот тим има идеја да го доведе Ивановиќ во својот втор тим и веќе одржа состанок со играчот и неговите претставници.
Напаѓачот настапува за вториот тим на Аугсбург и оваа сезона на 31 одигран натпревар постигна 16 гола. „Ruhr Nachrichten“ пишува дека тренерот на Борусија II, Јан Цимерман и менаџерот на тимот Инго Преус разговарале со хрватскиот напаѓач минатата недела.
Сепак, во трка не е само Дортмунд, интерес има и од некои други европски екипи, но Борусија моментално е најблиску до договор. Договорот на Ивановиќ со Аугсбург истекува на крајот од актуелната сезона. Аугсбург II ги игра своите натпревари во Регионалната лига, четвртото натпреварување на германскиот фудбал.
