Борусија Дортмунд денес го победи Фрајбург со 4:0 на домашен терен во рамките на третото коло од Бундеслигата.
Дортмунд стигна до победата на денешниот натпревар без некои поголеми проблеми, и важни три бода на почетокот на новата сезона. Домашниот тим поведе во 31. минута кога асистираше Рејн, а голот за 1:0 го постигна Ерлинг Халанд.
На почетокот на второто полувреме Дортмунд ја удвои предноста. Рејн ја постигна втората асистенција, а овој пат мрежата на Фрајбург ја затресе Емре Џан и беше 2:0.
Дортмунд ја заврши работата на овој натпревар во 66-та минута. Рејн дојде и до третата асистенција, а повторно во центарот на вниманието беше Халанд кој брилијантно истрча во просторот и го совлада гостинскиот голман за 3:0. Конечните 4:0 ги постави резервистот Паслак во втората минута од судиското надополнување.
Борусија во моментов е на второто место со шест бода, додека Фрајбург е на 11-то место со четири бода.
Во моментов, лидерот на табелата, Ајнтрахт Франкфурт, по пресвртот го победи Хофенхајм со 2:1 дома. Гостите започнаа добро и поведоа во 18-та минута по мајсторскиот погодок на Крамариќ.
Но, Франкфурт стигна до пресврт во второто полувреме. Камада израмни на 1:1 во 55-та минута, а 16 минути подоцна Дост погоди за конечни 2:1.
Три поени постигна и Борусија Монченгладбах, совладувајќи го Келн на гости со 3:1. Вердер ја победи Арминија на домашен терен со 1-0, додека бодовите ги поделија Штутгарт и Леверкузен (1-1).