ФУДБАЛ

Дортмунд не го продава Санчо во јануари

Англиската sвезда стана мета на клубовите во Премиер Лигата, но нема да се пресели од Германија до лето.

Борусија Дортмунд нема да дозволи Санчо да замине во јануари.

Англиската sвезда е во голема побарувачка од клубовите од Премиер Лигата, кои го сакаат за вториот дел од сезоната.

Но, германскиот медиум „Билд“ пишува дека офанзивниот играч од средниот ред ќе остане во Германија барем до летово.

Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи покажаа интерес за Англичанецот.

Санчо има постигнато 9 голови и 9 асистенции со Дортмунд во Бундеслигата оваа сезона.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаБундеслига