ФУДБАЛ

Дортмунд во трка за Жиру

Францускиот напаѓач не е задоволен од неговата актуелна состојба во Челзи

Францускиот напаѓач Оливие Жиру не наоѓа доволно простор во составот на Франк Лампардин и би можел да го напушти Лондон во јануари.

Британските медиуми јавуваат дека интересот за светскиот шампион со Франција неодамна покажа Борусија Дортмунд.

Според „Мирор“, германскиот клуб го барал поранешниот напаѓач на Арсенал во текот на летото.

Сега, Дортмунд ќе започне уште една офанзива за Жиру, за што ќе им бидат понудени 7 милиони евра.

Инаку, интерес покажа и Интер, кој бара напаѓач за втората половина од сезоната.