Евертон синоќа го совлада Ливерпул на „Енфилд“ со 2-0.
По 22 години, Карамелите славеа на гости кај градскиот ривал, а погодија Ричарлисон и Сигурдсон.
Сигурдсон погоди од белата точка во 83-та минута од натпреварот. Сепак, ќе се зборува за досудениот пенал по дуелот помеѓу Трент Александар-Арнолд и Доминик Калверт-Левин.
Напаѓачот на Евертон налета на дефанзивецот на Ливерпул и падна, а судијата Крис Кавана покажа на белата точка.
Тој исто така го искористи ВАР за да се убеди во својата одлука и на крајот покажа на белата точка.
https://streamable.com/gx2b18