ФУДБАЛ

Доцна синоќа се заврши работата што нетрпеливо ја чекаа во Лондон

Лондонски Челзи синоќа комплетираше феноменален трансфер.

 

Нов играч на сините од Стемфорд Бриџ ќе биде францускиот дефанзивец Весли Фофана и трансферот ќе биде финализиран во наредните денови.

 

RMC Sport тврди дека Челзи и Лестер вечерва ги договориле сите детали од договорот. Младиот дефанзивец одамна има договор со лондонскиот тим и ќе ја засили одбранбената линија на Челзи.

Комплетната работа Челзи ќе го чини околу 75 милиони фунти, а официјално ќе биде потврдено веќе во текот на викендот.

 

Весли Фофана пристигна на стадионот Кинг Пауер во октомври 2020 година. Тој дојде од Сент Етјен за цифра од 36,5 милиони фунти.

 

Тој се покажа како вистинско засилување за Лисиците. Играше одличен фудбал, но имаше и тешка повреда минатата година кога на пријателскиот натпревар против Виљареал ја скрши ногата.

Тој се врати на терените во март годинава. Успеа да постигне и гол и влезе во форма која го привлече вниманието на поголемите клубови.

 

На крајот Фофана ќе го засили Челзи. Тој дополнително ќе го засили силниот стоперски ѕид на сините, кои на тој начин комплетираа навистина одлично засилување.

 

Фофана за Лестер одигра вкупно 52 натпревари и постигна еден гол. Тој претходно настапуваше за Сент Етјен во кој е роден.

Трансфер во Челзи може да му донесе покана за француската репрезентација за Светското првенство, а претходно забележа пет настапи за младата селекција.