Манчестер Сити поведе против Атлетико Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Во средината на вториот дел Пеп Гвардиола направи замена и на тој начин направи хаос во јорганџиската одбрана.
Во 68. минута излегоа Стерлинг, Гундоган и Махрез, а влегоа Хесус, Гралиш и Фоден. Граѓаните поведоа две минути потоа.
Се убаво одработи Фоден, кој го пронајде Де Брујн, а Белгиецот немаше проблем да го совлада Облак.
Интересно, во 60. минута Симеоне направи тројна замена, но тој потег не беше ни ни приближно ефикасен како оној на Гвардиола.