ФУДБАЛ

Дожд од голови во Бундеслигата, Дортмунд може и без Халанд

Од 15:30 часот се одиграа четири дуели од седмото коло во Бундеслигата.

Напаѓачите беа многу добро расположени, а на споменатите четири натпревари видовме вкупно 13 гола.

Дортмунд го совлада Аугсбург со 2-1 со головите на Гуреира и Бранд без повредениот Халанд, додека Зеќири погоди за гостите.

Херта беше поразена дома од Фрајбург со 1:2. За берлинскиот тим стрелец беше Пијатек, а за гостите Лиенхарт и Петерсен погодија.

Штутгарт го победи Хофенхајм и славеше со 3:1 голови на Кемпфа, Мавропанос и Масимо, а за гостите голот го постигна Брун Ларсен.

Саботното мало дерби го одиграа Волфсбург и Борусија Менхенгладбах. Гостите славеа со 1:3, стрелци беа Емболо, Хофман и Скали, Валдшмит беше прецизен за домашниот тим.

ПОВРЗАНО

Бундеслига