Драган Џајиќ ќе биде нов претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија! Тоа стана јасно уште еден ден пред изборите бидејќи Немања Видиќ се повлече од кандидатурата.
Секако, потребно е делегатите на утрешните избори да го дадат својот глас за поддршка на единствениот кандидат, но тоа дефинитивно ќе се случи (во спротивно ФСС би бил изложен на санкции на ФИФА и УЕФА).
Новиот претседател има огромна работа пред себе. Приоритет е враќањето на вербата на народот во Фудбалскиот сојуз на Србија. Таа институција одамна ја загуби довербата кај фудбалските фанови, а на Џајиќ нема да му биде лесно да го промени тоа.
