Кошаркарите на Мајами иако доста се мачеа сепак остварија победа во дуелот со најслабиот тим во лигата Чикаго со 100-93.
Ѕвезда на вечерта беше Горан Драгиќ со 24 поени од кои дури 14 во последните 12 минути.
Успешни на гости беа и играчите на Бруклин, кои победија со 98:88 против Мемфис. Единствено Минесона славеше на свој терен, откако со 119:108 го победи Феникс.