Плејмејкерот на Мајами, Горан Драгиќ, се здоби со повреда на коленото, која ќе го оддалечи од терените во наредните два месеца. Словенецот ќе мора да прави операција, а се предвидува дека ќе паузира околу осум недели. Потенцијален датум за неговиот кам-бек е паузата за „Ол-стар“ викендот во февруари.
Драгиќ е познат по својата постојаност во дресот на екипата од Флорида. Никогаш немал проблеми со тешки повреди, а пропуштал најмногу десет натпревари во една сезона. Тој оваа сезона постигнува во просек по 15,3 поени, 4,9 асистенции и 3,1 скока по натпревар.